 |
 |
ЗА НАСАгенцијата за обезбедување
имоти и лица “ЛУПУС” е форморана 2002год. и
до денес успеваме да се портретираме себеси како професионална фирма која во
секое време е високо мотивирана да даде помош и подршка од областа на
обезбедување и сигурност на нашите корисници на услуги.
Потребите и барањата на нашите клиенти се наша приоритена задача кон која
пристапуваме крајно сериозно и со максимално вложен труд при реализација на
истите.
Работните задачи кои ги извршуваме во најголем дел се јавни, но активностите на
нашите деловни партнери за нас се дискретна и внимателно дизајнирана обврска.
Ние знаеме дека непочитување на правилата за постапување и однесување кон
деловните клиенти и нивните барања и потреби сериозно го намалува квалитетот на
извршување на работните задачи и го редуцира на пониско ниво степенот на
безбедност.
Ние имаме професионален пристап кон работните обврски што за нас подразбира сите
услуги што ги нудиме и сите активности што ги превземаме во текот на нашето
работење да ги реализираме тимски и со целиот свој капацитет а се со цел да
постигнеме максимум квалитетен краен производ
- безбедност, заштита и сигурност, производ кој во секое време ќе ги задоволи
потребите и барањата на нашите корисници на услуги.
Покрај јасно утврдените цели ние имаме кориснички утврдена стратегија која
предвидува не само висок квалитет на дадени услуги за задоволување на барањата
на нашите корисници туку и спремност во секое време да ги слушнеме сите
забелешките и потреби на нашите деловни партнери. Постојано ги преиспитуваме
нашите цели и нашата безбедносна политика на квалитет, а се со цел подобрување и
унапредување на самата компанија.
Нашето највисоко раководство е тотално и во целост посветено на работата и
работните обврски. Внимателно следи и се грижи тоа што компанијата го зацртала
како фундамент на постоење и како план за развивање и унапредување да се
реализира секогаш навремено и во целина.
|
|
|
- Контакт
информации
- Д.Т.Ц.”Олимпико” приземје -локал 20
- телефон: ++389 2 309 39 12
- факс: ++389 2 306 98 99
|
|
|
 |