За да правилно ги процениме ризиците и за да ги избегнеме последиците од
постоечките кривични дела (провали, разбојништва, уцени, дрски и разбојнички
кражби) од кои е загрозен денешниот бизнис , ние во “Лупус” ја вкомпониравме
најсовремената методологија на работа , со високо квалитетена опрема и врвен
менаџмент.
Постапката за задоволување на безбедносните потреби на нашите деловни пратнери
за нас започнува со планирање на безбедносни активности- проучување и анализи
кои на лице место ги прави стручна екипа ,со проектирање на безбедносни мерки.
Активностите се одвиваат според строго контролираните критериуми кои се
изработени според Стандардот за квалитет ИСО 9001:2000 кој “Лупус” го доби во
2006год.